Дали можам да направам промени во мојата нарачка?

Откако вашата нарачка е потврдена, не е можно да се прават било какви промени во вашата нарачка. Можете само да ја поништите вашата нарачка во рок од 15 минути откако нарачката била потврдена (опцијата ја има во МОИ НАРАЧКИ). Сервисот за корисници исто така не може да ја поништи вашата нарачка по периодот од 15 минути.

Доколу сте сакале да ја поништите вашата нарачка, но е предоцна, предлагаме да го направите следното:

1. Откако нарачката е испратена можете да одбиете да го превземете пакетот од курирот (истата ќе ни биде вратена и вашите средства ќе ви бидат вратени).

2. Откако ја имате примено пратката можете да го пополните формуларот за поврат во рок од 30 дена од датумот на испорака и производите ќе ни бидат вратени назад.

Ажурирање на Политиката на приватност

Непрестајно бараме нови решенија за да можеме подобро да одговориме на вашите очекувања кога ја користите нашата веб-страница. Ја почитуваме вашата приватност и ги заштитуваме вашите информации, затоа, во врска со ажурирањето на функционирањето на Сервисот, ве молиме прочитајте ја новата верзија Политика за приватност, каде што ги презентираме принципите на справување со личните податоци, опсегот на нивната обработка и правата и обврските кои ви следуваат од овој аспект.

Политика на приватност

1. Администратор на лични податоци (во натамошниот текст: АЛП) е: ЛПП МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје, 4080019584370, Булевар Партизански Одреди 14, влез 1, кат 1, локал 2 Аура Бизнис Центар 1000 Скопје, Северна Македонија, Македонија;

2. Со инспекторот за заштита на податоци (во натамошниот текст: ИЛП) можете да контактирате на е-пошта: dataprivacy@lpp.comили да кореспондирате на адресата на ИЛП наведена погоре;

3. За вашите лични податоци можете да контактирате на адреса support.pl@cropp.com;

4. Вашите податоци ќе бидат обработени врз основа на вашата изразена согласност со цел да ви се испратат комерцијални информации (билтен) за тековните промоции, нови производи и услуги на брендови кои припаѓаат на LPP (Reserved, House, Sinsay, Mohito , Cropp

5. Личните податоци ќе се обработуваат додека не ја повлечете согласноста за претплата на билтенот;

6. Можете да управувате со согласноста од “Моја сметка” ако сте регистриран корисник во нашата онлајн продавница.